Aлександар “Велики” Волкановски ја сруши легендата на Бразил: Досега тоа му успеало само на Конор Мекгрегор и уште еден борец (ВИДЕО)

Aлександар Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло, кој е познат како “Александар Велики”, во саботата во Рио де Жанеиро, го победи Бразилецот Алдо на домашен терен и ја продолжи импресивната серија на триумфи во УФЦ 237 серијата.

Оваа победа беше 17-та во низ за Волкановски, а во УФЦ борбите тој има скор од 7-0.

Единствените борци кои досега триумфирале над Алдо се Конор Мекгрегор и Макс Холоулај.

“Јас сум следен во линијата за титулата. Јас сум единствениот кој е непоразен во топ 3 сега. Треба да се рангирам на прво место”, изјави Александар “Велики” Волкановски после победата.

Борбата помеѓу Алдо и Волкановски погледнете ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.