20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест” на Хераклеја во Битола

20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група.

Свеченото отворање е на16. јули 2026, во 21:00 часот.

Локум фест е единствен ваков фестивал во Македонија и на Балканот кој ги спојува традиционалната градска музика со fusion & world music,  и зад себе има преку 110 реализирани концерти на ансамбли од Македонија, Балканот и светот, а се одржува на културно-историски локации промовирајќи ги истите како сцена. Инспирацијата за Локум фест доаѓа од живото културно наследство на некогашна конзулска Битола, која  била важен воено-економски центар и цивилизациска крстосница, дом на бројни етноси и амалгам на култури, каде се вкрстувале византиската, ориенталната , сефардската и европската култура. Сето тоа резултираше со неверојатно богатство на музички влијанија, обичаи, архитектура и др. Локум фест е фестивал кој повикува на средба, помеѓу културите и еден дух. Истовремено е атрактивен за туристи од земјата и странство и веќе со години промовира културен туризам као дел од локалната и национална туристичка понуда. Локум фест е член на Most music, Without borders, EFFA, и други регионални и европски фестивалски асоцијации.

Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г.

Бидете дел од вечерта исполнета со најубавите грчки и балкански мелодии, музичко доживување во еден од најмагичните амбиенти на Балканот.

„Локум фест – музика и традиција“ 2026 започнува величествено! Не пропуштајте го отворањето на фестивалот во Хераклеја.

Влезници на www.karti.com.mk и на билетарата на Хераклеја на денот на концерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.