ФОТО: Меси тешко се повреди, го чека голема пауза!

mesi

Ѕвездата на Барселона и еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси на саботниот дуел од Шпанското фудбалско првенство доживеа тешка повреда која со сигурност ќе го оддалечи од теренот најмалку два месеци.

Аргентинецот се повреди во почетните минути од мечот со Лас Палмас и мораше да биде заменет.

Барселона го доби натпреварот со 2:1, но петтата победа на Каталонците ќе остане во сенка на повредата на нивниот најдобар играч.

mesi-bolnica_thumb_medium500_333

Ова е голем удар за Барселона во пресрет на натпреварите од Примера, а секако и за средбите од Лигата на шампионите.

Поради паузата, Меси ќе го пропушти популарното дерби со големиот ривал Реал Мадрид, „ел класико“, кое се игра на 21 ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.