Триото Прилепчанки го освои Балканскиот шампионат во Дубровник

12380544_10207014257668733_1763515041_n

Сребрените девојки Маријана, Мишела и Киријана, пред неполн месец не израдуваја со сребрен медал од Светското првенство во Џакарта Индонезија. Потсетуваме тогаш паднаја фаворизираните Шпанија, Германија и репрезентацијата на Иран. Овој пат се враќаат со злато од Балканското првенство во Дубровник, Р. Хрватска, кое се одржа на 13.12.2015г. На ова натпреварување настапија најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Бугарија,Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Не сме се дорадувале на претходниот успех, девојките ни донесоја нова радост.

12366868_10207014256668708_1393095247_n

12366892_10207014257148720_2062217784_n

Убедливо поразени беа репрезентациите на Босна и Херцеговина и на Србија со по 5:0.

Ден пред тоа близначките се сретнаја во Македонско финале, каде поуспешна беше Маријана. Двете ги победија своите ривали, и со по четири победи од максимални 5:0 стигнаја до тоа сестринско финале.

Ова е нивно трето финале (на Балканско 2010 во Атина победи Мишела, на Светски Куп 2013 Крф победи Маријана).

12388308_10207014255708684_1630341634_n

12387883_10207014254308649_744912184_n

Со ова заврши успешно годината на македонскиот ката тим, кој покрај наведените резултати, беше и прв на Карате Оне Премиер Лигата во Истанбул, каде во финале ги победивме актуелните европски сениорски шампиони, тимот на Турција.

12395134_10207014255908689_811653343_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.