ПОВИК ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО АНГЛИЈА, ПОРТУГАЛИЈА, ГРЦИЈА И ХРВАТСКА.

MSP mk

Младински Совет Прилеп заедно со СОУ Кузман Јосифоски Питу, во состав на проектот “We can and We will” објавува повик за практична настава во период од две недели за 16 млади матуранти, од учебната 2014/2015 година од СОУ Кузман Јосифоски Питу – Прилеп.

Nacionalna Agencija

We can and We will има за цел да поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.
Критериуми кои треба да ги исполнува апликантот
• Матуранти во СОУ Кузман Јосифоски Питу – Прилеп во учебната година 2014/2015
• Основно познавање на англиски јазик
• Насока: Маркетинг Менаџмент
• Валиден Пасош

EU flag-Erasmus+_vect_POS

Практичните настави ќе се одвиваат во периодот Февруари-Март 2016 година со заеднички договор од сите засегнати страни.

Трошоците за виза, пат сместување храна и џепарлак се покриени од страна на Младински Совет Прилеп.

Младински Совет Прилеп заедно со организациите партнери, ја одредува земјата за одвивање на практичната настава според  профилот на апликантот.

Сите заинтересирани млади кои ги исполнуваат горе наведените критериуми и имаат мотивација да земат учество во оваа несекојдневна можност, треба да ја пополнат он-лајн формата поставена на следниот линк. (http://goo.gl/forms/pKgh7ms0AM)

Краен рок за испраќање на апликации е 25 Декември 2015 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Само селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 31 Јануари 2015 година. 

Младински Совет Прилеп го спроведува проектот “We can and We will” со финансиска поддршка на Еразмус + Програмата на Европксата Комисија и Националната Агенција  за Европски Програми и Мобилност, одговорни за спроведување на Еразмус + во Македонија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.