Раѓала Македонија синови, но ова момче треба да биде инспирација за цела нација! (ВИДЕО)

Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, пред два дена го започна своето патешествие со трицикл да ја обиколи Република Македонија.

Со тоа, како што рече, сака да помогне во покревање на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели.

Васил Јанкула тргна од центарот на Ресен. Предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл, а неговото патешествие ќе се движи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.

“Со оваа иницијатива сакам да докажам дека немам пречки што ме разликуваат од другите. Сакам да направам нешто за сите лица, не само за оние кои се со попреченост, туку и за оние “нормалните” кои седат дома. Треба да се движат, да го сакаат спортот. Тоа ми е цел! Сите сме исти”, порача Васил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.