Премиерно прикажување на “Последниот Македонец” во кино Мис Стон

Posledniot Makedonec

Во петок 4 декември 2015 во 19.30 часот во киното Мис Стон во Прилеп премиерно ќе биде прикажан македонскиот документарно игран филм  ,,Последниот Македонец”.
По премиерата филмот ќе се прикажува уште во сабота и недела. Влезниците се по 100 денари.

slika 1

ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ …/ THE LAST MACEDONIAN …The Road to Extintion
Македонија/2013/Документарно-игран филм /90`
Macedonia/2013/Documentary movie/ 90`

CREDITS/ РЕАЛИЗАЦИЈА:
Director/Режија: Илија Пиперкоски
Scr./Сценарио: Александар Кукулев
Cinematographer/Кинематографер: Дејан Димески

Улоги/Cast: Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковскам Филип Трајковски, Жарко Димовски, Александар Степанулески, Никола Ацески, Игор Трпчески, Митко Апостолоски, Љубен Најдоски, Ѓорѓи Јолевски, Трајче Ѓоргиев.

slika 2

СОДРЖИНА: Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…тоа е Последниот Македонец… оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сеуште во историјата. Таа која во филмот преку факти и докази ја пренесуваат историчари од Србија, Грција, Бугарија, Турција, Русија и Македонија.

Илија ПИПЕРКОВСКИ, режисер:
Роден е во Охрид во 1985 година. Во 2010 магистрира на Националната академија за театар и кинематографија во Букурешт, Р.Романија. Досега има режирано 8 играни и документарни, кратки и долги филмови.
ФИЛМОГРАФИЈА (избрани филмови):
“Дедо и Внук” – Игран Филм (2015) “Супер дете” – Краток Филм (2015); “Чистилиште на Душата” (2013); “Матасари” (2012); “Јас и мојот живот без некои работи”(2007); “Зошто го направив својот грев”(2006). slika 4

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.