ЖРК Прилеп – ЖРК Вардар јуниор, натпревар од 9то коло Супер лига жени

DSC01926-1024x768

Во сабота 5.12.2015г. во 19:00h, екипата на ЖРК Прилеп ја пречекува екипата на ЖРК Вардар јуниор во салата во СОУ Ристе Ристески – Ричко. Ова е натпревар од 9тото коло во Супер лигата за жени и претставува вистински тест за младата и талентирана екипа на ЖРК Прилеп. Шанса за четврти триумф и докажување како и шанса за напредок од четвртото место на табелата. Им посакуваме среќа на нашите девојки и ги покануваме сите љубители на ракометот да присуствуваат и да дадат поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.