По 18-ти пат во центарот на Прилеп се одржа вистински адреналински спектакл (Фото галерија)

Kaко дел од програмата за одбележување на 11-ти Октомври – Денот на народното востание, традиционално во Прилеп и оваа година се одржа популарното Tunning Car Show.

Ова беше 18-то издание на оваа адреналинска изложба на автомобили, која како и секогаш предизвика огромно внимание кај прилепчани и посетителите во Прилеп денеска.

Голем број автомобили, меѓу кои најразлични луксузни лимузини, олдтајмери, џипови… беа изложени во централното градско подрачје и ги пленеја погледите на илјадниците граѓани кои денеска ја посетија оваа возбудлива изложба.

Ако пропуштивте, уживајте во фотографиите во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.