„Авто Контрол“ со важна порака денеска од центарот на Прилеп: Сообраќајната култура се учи од мали нозе!

Во рамки на настанот Car Show, кој денеска се одржа во Прилеп, „Авто Контрол“, заедно со учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, претставници на Министерството за внатрешни работи (МВР), Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) и најмладите, учествуваше во активности за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот.

Преку дружење, едукација и заеднички активности, беше испратена важна порака дека сообраќајната култура се гради од најрана возраст, а почитувањето на правилата и одговорното однесување се клучни за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Особено значајно е вклучувањето на најмладите во ваквите иницијативи, бидејќи токму преку навремена едукација се создаваат навики за безбедно однесување на патиштата.

Од „Авто Контрол“ порачаа дека соработката меѓу институциите, образовните установи и граѓаните е важен чекор кон унапредување на сообраќајната култура и создавање побезбедна иднина.

Почитувај ги сообраќајните правила, биди одговорен учесник во сообраќајот и едуцирај ги најмладите – за побезбедни патишта за сите!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.