ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗАБРЗАНО СЕ МОДЕРНИЗИРА

1

Општина Кривогаштани не запира со модернизирање и спроведување на иновативни и креативни идеи на целата своја територија. Веќе неколку години наназад во општината не поминал ден во кој што не се случило нешто позитивно и ново во полза на општината. Отпочнати, реализирани и добиени проекти, реконструкци на училишта, нови улици, капитални проекти и ред други бенефити за општината и жителите на општина Кривогаштани. Завршена е реконструкцијата на фасадата на ОУ Јонче Смугрески во Обршани со што училишната зграда доби нов лик што доликува на една ваква институција. Исто така во населеното место Славеј долж регионалниот пат Прилеп- Кривогаштани на 22 канделабри поставени се општински и национални обележја со што општината добива европски лик, лик на општина која е во чекор со најдобрите општини во државата со својата континуирана модернизација и создавање на нов модерен лик по европски терк

2

3

4

6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.