Од срцето на старите мајстори со љубов за Прилеп: Новиот ланч бар “ALFA 1 URBAN FOOD & SWEET HOUSE”, причина за милион слатки задоволства

Во срцето на Прилеп, отворен е новиот ланч бар на старите слаткарски мајстори. “Аlfa 1 urban food & sweet house е новото слатко руво на градот под “Maрковите Kули” и вистинска свежина во центарот на градот.

BeFunky Collage

Блескаво место полно со магија и причина за милион слатки задоволства, вистински рај на вкусови и мирис на традиција преточена во нешто ново, модерно, примамливо.

DSC_0046

DSC_0015

Локација каква би посакал секој посетител, турист, но и секој прилепчанец, веднаш до грандиозниот споменик на Крал Марко во срцето на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

DSC_0049

DSC_0051

Oна што со долги години го градеа вредните раце на најпознатите прилепски слаткари, денес е сечие задоволство достапно до сите оние кои знаат што е убаво и вкусно.

Оваа среда беше среќна за сите, градот доби нова модерна летна бавча со разиграни бои, внимателно одбрани украси и прекрасен амбиент, а сето тоа е само предвесник на она што следува внатре.

Од првиот чекор ќе ја почувстувате уникатноста, ќе забележите една широка лепеза на бои, повторно добро одбрани и неверојатно добро вклопени. Едноставно сопствениците целосно се препуштиле уредувајќи го ова место, користејќи ја целата своја имагинација и идеи, притоа создавајќи вистинско ремек дело, кое ќе одземи сечиј здив.

DSC_0004

Слаткиот звук на виолините на отварањето на “Аlfa 1 urban food & sweet house”, вгради дополнителна магија, која ги освои срцата на присутните, но и брзо го прошири гласот за автентичноста на ова место.

DSC_0101

За тоа што можете да го вкусите тука не треба многу да се зборува, треба да се почувствува. Секој залак е афродизијак, налик на храна за богови. Добро познатите торти и шеќерни волшевства, чиј вкус е граден со години, повторно се достапни за сечиј џеб. Во Alfa 1 urban food & sweet houseќе имате можност да вкусите и пици, сендвичи и други закуски, кои се вистински мевлем и пријатно изненадување.

DSC_0095

Раскошот на ова место веќе е омилен за сите.

Повелете и препуштете се на оваа неверојатна лепеза на вкусови!

DSC_0098

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.