Новиот iPhone ќе биде убедливо најскапиот телефон до сега

Screenshot_3-33-640x434

Следниот телефон на Apple би можел да ја носи ознаката X и сигурно ќе биде најбрз и “најсилен” до сега. Но, по многу критики кои излегуваат во јавноста, овој телефон ќе има многу работи кои претходните телефони ги немале.

Сето тоа ќе има своја цена, а според најновите информации  iPhone 8 (или без разлика како ќе се вика) ќе има најголема цена до сега. Како што дознава Fast Company, овој телефон би можел да вреди 1000 долари.

За растот на цената главен кривец би можел да биде заоблениот OLED екран кој е двојно поскап од LCD кој го користат сега. Тој 5,8 инчен модел би требало да има повеќе меморија и потрајна батерија.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.