На никој не му е јасно: Овој човек заработува 223.000 евра како домар

Domar-Liang-Zhao-Zhang1-620x350

Калифорниски активисти откриле дека домар во Сан Франциско имал годишна плата од 223.000 евра.

Основната плата која ја имал Лианг Зао Занг била 54.000 евра и дополнителни 13.500 евра како додаток од компанија за која работи како чистач. Но за прекувремена работа тој добивал уште 156.000 евра.

Според податоците до кои дошол Роберт Фелнер, кој во име на компанијата се занимава со калкулации на исплата, објаснил дека Лианг секој ден во 2015 година работел прекувремено. Од 2012 година до 2015 година му биле исплатени вкупно 663.000 евра.

Шефот на овој верен работник вели дека Занг едноставно никогаш не одбива прекувремена работа, па се случило да работи 18 денови со ред по 20 часови.

Domar-Liang-Zhao-Zhang

Ф.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.