МУЗИКА КАКВА ШТО НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ – Ова е музичкото ремек дело на дуото “Двајца Македонци”

Two Macedonians е музичко дуо кое доаѓа од Велес. Петар Марков  и Благој Ламњов го споделија своето прво музичко дело Flamenco de Macedonia.

16142271_266594453773138_3017122236902249757_n

За да се уверите во нивниот квалитет погледнете го нивниот прв спот чија снимка е направена “во живо”.

Благој Ламњов е веќе докажан музичар кој има многу светски настапи. Благој има настапувано низ цела Европа, како и во Јапонија, САД, Кина и Канада.

Петар е млад музичар кој е студент на музичка академија, а повремено патува во Шведска каде учи од најдобрите светски гитаристи, меѓу кои и Емил Ернебро, гитарист од светска класа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.