Луда среќа: Чистејќи ја куќата пронашол милион долари

Џоемел Панис од градот Логсден во американската држава Орегон за малку ќе се онесвестеше кога средувајќи го својот стан пронајде лото ливче со неверојатна добивка од милион долари.

megga

Тој го купил ливчето од лотаријата Мега Милионс на 15 јануари минатата година во мини маркет во Њупорт и го ставил во коверт и потоа потполно заборавил на тоа.

Имал луда среќа што го пронашол ливчето осум дена пред истекот на добивката, така што успеал да си ги земе парите што ги освоил.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.