Мојсовски за натпреварот против Русија: “Нема бopба, излеговме со бело знаме на теренот”

Долгогодишниот репрезентативец и актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, гостуваше во отворената ракометна емисија на Македонската Телевизија и го критикуваше лошиот пристап на ракометарие.

Според него нашите ракометари уште од самиот почеток излегле со бело знаме на теренот.

– Можеш да загубиш и поубедливо, но мора да се има мотивација и ракометарите да ја почувстуваат борбата на Светското првенство.

Никој нема да замери ако загубиш по битка, ама ние денес уште на стартот се предадовме и загубивме без борба.

Светско првенство мора да е мотивација само по себе. На мојата генерација учество на Мундијал ни беше врвот, едвај чекавме да се бориме и да покажеме сила на собирите. За жал сега не е така

Ракометарите треба да знаат колкава тежина носи дресот со националните бои. Никој нема да ти замери ако се бориш, но ние тоа денеска не го видовме.

Голем плус за младите деца кои се таму, големо искуство за нив. Мислам дека треба да видат дека не е нишо различно ракометот што се игра дома со тоа таму, истакна меѓудругото Мојсовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.