Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско

На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.