ЕХО патува – во Прилеп: Проекција на планински филмови во црквата Св. Никола во Варош

Како дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“, традиционално и оваа година ЕХО фестивалот на планински филм ќе ни се претстави во Прилеп.

Проекцијата на филмовите ќе биде во петок на 15 Мај 2026г во црквата Св.Никола во Варош, со почеток во 20.00ч.
Прилепчани ќе можат да ја проследат и да уживаат во следната филмска програма:

„Патување на животoт“, Жером Танон, Франција, 2024, 44′
„Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, 2024, 38′
„Најдобриот ден досега“, Бен Најт/Берн Броуди, САД, 2025, 48′

Покрај проекцијата на филмови, посетителите ќе бидат дел од презентацијата на последните две книги од издаваштвото на ЕХО фестивалот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.