Интервју со Даниел Котевски, голманската иднина на прилепска “Победа”

Даниел Котевски е дел од плеадата спортисти кои се производ на Прилеп и за него со сигурност може да се тврди дека му претстои блескава кариера. Голманскиот ген и талентот ги наследил од својот татко и  на само 15 години станува дел од првиот тим на прилепска “Победа”. Неговите настапи ги потврдуваат сите пофални зборови за него. Даниел е пример за тоа дека напорната работа, пожртвуваноста и посветеноста се клучот до успехот.

prva

 

-Кога почна да се занимаваш со фудбалот, како започна твојата спортска кариера ?

Со фудбалот започнав на 11 години во фудбалската школа “Шампион”. Не започнав како голман, мојата прва позиција беше лев бек, но по пет месеци се решив да одам по стапките на мојот татко односно како голман и не погрешив.

-Фудбалот е колективна игра, но слободно може да се каже дека голманот го носи најголемиот товар во екипата. Како ти се справуваш со ова ? Има ли некој што може да те посоветува и да те охрабри ?

Да, голманот има голем товар во една игра, тоа не значи дека соиграчите го немаат тој товар бидеќи и од нив зависи што и како. Соиграчите се тие кои помагаат да биде полесен голманскиот товар. Кога станува збор за посветеноста и охрабрувањето тука помагаат поискусните, тренерите и повозрасните соиграчи кои ми кажуваат што треба , а што не треба .

vtora

-Толку млад а веќе во првиот тим на прилепска Победа. Велат дека добар голман секогаш знае да ја врати самодовербата на екипата. Какво е чувстовото да се настапува за првиот тим ?

Да на мои 15 години започнав со тренинзи со првиот тим на “Прилепска Победа” , а на 16 години потпишав двегодишен професионален договор тоа за мене беше дополнителна мотивација за прикажување на мојот талент а со тоа и градење на голема самодоверба.

-Кој е твојот фудбалски идол ?

Мојот фудбалски идол е Данскиот голман Каспер Шмајхел кој моментално е во англиски “Лестер”.

treta

-Ти си млад и цела кариера е пред тебе. Кои се плановите за во иднина?

Секако дека имам планови за во иднина со што би ја надоградил мојата кариера и талент. На мене останува да тренирам и да се фокусирам на тренинзите и на себе , а се останато ќе си дојде во свое време .

-Освен фудбалот што друго е твоја опсесија, за што го користиш слободното време ?

Моето слобоно време го користам најпрво за одмор, а потоа време поминато со домашните ( семејството ) и пријателите.

-Кој е патот до успехот според Даниел ?

Патот за успех според мене е да имаш своја цел да ја градиш и надоградуваш,да стекнуваш самодоверба и искуства односно да се гледа позитивно на работите.

-Порака од Даниел до читателите на маркукуле.мк .

Бидете позитивни и размислувајте позитивно одете по скалите на вашите цели тое е клучот до успехот.

posledna

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.