ФОТО: Се заврши асфалтирањето на улицата „Митко Цветаноски“ во Прилеп

Се пушти во употреба ново асфалтираниот дел на улицата „Митко Цветаноски“, во населбата Тризла во Прилеп, во должина од околу 100 метри. Коловозот е со ширина од 5 м., а претходно тука беше поставена комплетна подземна инфраструктура и атмосферска канализација. Овој дел на улицата за прв пат добива асфалт.

 

mg_5453-640x427

-Ова беше едно големо барање на жителите од овој дел на населбата Тризла. Средствата се обезбедени од комуналната програма на локалната самоуправа, вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 1,5 милиони денари. Со овој проект сите улици во овој дел на градот се асфалтирани, а продолжуваме со асфалтирање на остатокот на улиците кои што моментално се опфатени со проектот за изградба на нови канализациони системи и пречистителна станица кој се одвива интензивно во нашиот град. Како локална самоуправа комуналната програма која што беше предвидена за оваа година ја реализиравме во доста голем процент, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

mg_5498-640x463

Претходно улицата се тампонираше и доби атмосферска канализација во должина од над 80 метри. Од ЈКП „Водовод и Канализација“ информираат дека биле поставени цевки со големина Ф 400 и две ревизиони шахти.

Жителите рекоа дека се презадоволни од овој проект.

mg_5526-640x427

-Премногу сме задоволни од оваа инвестиција, улицата претходно беше многу ископана, сега таа доби современ изглед. Благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот кој се заложија за сето ова, рече Миле Аврамоски, жител на населбата.

mg_5510-640x427

-Претходно улицата беше катастрофа, имаше само кал и дупки, сега благодарение на локалната самоуправа улицата доби асфалт, а нас ќе ни се подобри квалитетот на животот, рече Гоце Аврамоски, жител на населбата.

mg_5514-640x427

-По долго чекање од повеќе децении еве дојде ред и нашата улица да се асфалтира, сега сме презадоволни од ова што се направи“, истакна Блага Наумоска, жител на населбата.

mg_5458-640x427

Од локалната самоуправа потенцираа дека и понатаму ќе продолжат со асфалтирање и на други улици се додека тоа го дозволуваат временските услови до крајот на оваа година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.