Голем ден во Манчестер: Сер Алекс Фергусон прв пат на Олд Трафорд по мозочниот удар (ФОТО)

Денеска е голем ден на Олд Трафорд, поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, ќе присуствува на натпреварот од шестиот круг од првенството на Англија помеѓу „црвените ѓаволи“ и Вулверхемптон.

Тука не би било ништо чудно доколу овој натпревар не е прв за Сер Алес од мај 2018 година, кога 76 годишната легенда на Манчестер Јунајтер беше подложена на операција поради крварење во мозокот.

– Добредојде назад на „Олд Трафорд“ Сер Алекс, објави Манчестер Јунајтед на својот официјален Твитер.

Фергусон го предводеше Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013 година. Под негово водство, „црвените ѓаволи“ 13 пати станаа шампиони на Англија и два пати ја освоија Лигата на шампионите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.