(ВИДЕО) АЛЕКСАНДАР БИЛ НАЈБРУТАЛНИОТ РУСКИ ПЛАТЕН ЗЛОСТОРНИК: Го нарекувале “Македонски” поради начинот на кој ги извршувал злоделата

Александар Солоник е веројатно најпознатиот руски платен убиец. Неговите злодела се опишани во 2 играни филмови, 9 серии, 3 книги и многу документарци.

Го нарекувале и Александар Македонски, а надимакот го добил поради “пукањето на македонски начин” (изразот кој влегол во рускиот јазик на крајот од 19 век, а значи истовремено пукање од два револвери)

Роден во 1960 година, Македонски ја поминал воената обука во тенковската единица на советската војска на крајот од 70-тите. Во раните 80-ти години се вработил во полицијата, но по шест месеци бил отпуштен поради суровото однесување со уапсените. Се вратил во родниот Курган и се запослил како гробар.

На неговата листа од жртви се наоѓаат најпознатите мафијаши во 90-тите години во Русија. Некои извори велат дека тој никогаш детално не го планирал убиството. Некои ситуации докажуваат дека тој навистина не се консултирал со институциите, пишува “Russia Beyond”.

После повеќе ладнокрвни убиства, неколку апсења, избегал во Атина.

Изнајмил куќа во која живеел со својата 22 годишна девојка, манекнката Светлана Котова.

Македонски ги прекинал сите врски со своите “работодавци” и нивните односи се влошиле до таа мера што ги користел нивните фотографии како метa.

Лидерите на руската мафија одлучиле да не чекаат Македонски да нападне и по него го испратиле вториот најпознат убиец – Саша Солдат. Тие двајца добро се познавале, па Македонски со задоволство прифатил да појде во куќата на Солдат.

Наскоро грчката полиција ги пронашла телата на Александар Солоник Македонски и неговата девојка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.