Битолчанец гради историски вреден проект – Родниот крај низ фотографии

1rodniot-kraj-niz-fotografii-01

Битолчанецот, Стефан Петровски (27), во последните 10 години активно се занимава со планинарење, и таа љубов кон височините и фотографијата го одведе до скоро сите највисоки планини во Македонија, највисоките три врвoви на Балканот и на Монт Блан (највисокиот врв на Европа). Уште од мал, благодарение на родителитe, ја сфатил значајноста на поврзаноста и синергијата со природата… штo ja ужива со планинарење, пешачење, параглајдерство и велосипедизам.

1rodniot-kraj-niz-fotografii-04

Неговата кампања насловена „Мој Роден Крај“, во моментов е активна и може да се види и поддржи на:www.mojrodenkraj.com.mk Пoсветена е на документација на сите градови, села, верски објекти и природните убавини на Македонија, кои овој фотограф од ги „овековечува“ со објективот веќе неколку години.

 

2 copy

Со проектот “Мој Роден Крај” Стефан се стреми да ги опфати – фотографира сите градови и 1650-те села во Македонија, верските објекти во нив, планините, и сè она што е значајно и уникатно за нашата земја. Неговата примарна цел е секој да има пристап до фотографии од својот роден крај, а покрај тоа додаде:

 

– Сакам ние како Македонци, кои живееме тука, подобро да си ја запознаеме матичната земја, зашто многу малку знаеме за неа. На пример, јас сум од Битола, но, имам малку познавања за Источна Македонија, а верувам дека е и обратно… Освен тоа, сакам да зачувам некои делови и села кои пропаѓаат, пример е областа Мариово. Тамошните жители постепено умираат и нивните домови се оставени на забот на времето, и претпоставувам дека за десетина години таму ќе нема ниту еден човек, кој би живеел на традиционален начин. Сакам она што сега постои во Мариово, а и во другите села како начин на живеење, да го меморирам фотографски, бидејќи е неповторливо. Артефакт на еден начин на живеење, на едно време, на нашиот народ и нашата традиција.

 

1rodniot-kraj-niz-fotografii-03

До овој момент Стефан има фотографирано околу 100 села, 250 цркви и манастири од околината на Битола и Прилеп и големиот дел од повисоките планини на Македонија. Во нив се чувствува неговата љубов кон земјата во која е роден… Го сака секој нејзин дел, секое парче небо, река, езеро, карпа, камен… и настојува сета таа убавина да ја видат и почувствуваат и луѓето од светот, секако, преку неговиот објектив.

 

Најголема награда за мене ќе биде ако успеам да го реализирам сето ова – изјави тој.

 

Остварувањето на проектот „Мој Роден Крај“ ќе му овозможи услови за посета на секое делче од Македонија, што ќе го овековечи во фотографија. Активна е и неговата web страница каде секој што сака може да ја погледне неговата досегашна работа.

 

Можеби ќе го најдете местото каде се родиле Вашите предци, некој скриен спомен од детството или ако ништо друго, тогаш со сигурност ќе пронајдете некоја дестинација за Вашето следно патување – ни кажа за крај.

 

Доколку ги обезбеди неопходоните финансиски средства, во рок од пет години планира да ја оствари погореспомената цел.

 

DSC_3629

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.