По Божиќ нова цена на горивата во Македонија

По Божиќ нова цена на горивата во Македонија. Регулаторна Комисија за енергетика ќе ја донесе во вторник, две недели по последната одлука.

Горивата со последната одлука поскапеа за половина денар по литар, па така малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 68,00 ден/лит.

По последното зголемување на цената на дизелот од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата.

Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари изнесува 58,5 денари за литар.

Останува да ја видиме новата цена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.