БЕЗ ЕКСТРЕМИТЕТИ – БЕЗ ГРАНИЦИ: Ник Вуичиќ човекот кој му дава надеж на светот (ВИДЕО)

Ник Џејмс Вуичиќ е светски познат мотивационен говорник роден во Австралија. Тој се родил со “Тетра-амелија” синдром, односно без раце и нозе.

Иако е без екстремитетити, неговиот животен стил не е ништо поразличен од вашиот. Овој човек се качува по сите “планини” кои животот ги поставува пред него.

“Сите имаме проблеми, само што моите се повидливи од моите, но животот го гледам како голема можност. Оваа ситуација мора да ми донесе нешто добро”, вели Вуичиќ.

Кога се родил најпрво ги шокирал лекарите, а потоа и родителите и целата фамилија, но денес тој е човекот кој шири порака за надеж и храброст во светот.

Не откажувајте се, животот е убав. Искорестете ја секоја можност, ризикувајте, бидете храбри, поставете си големи цели. Само небото е граница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.