Ќе ви се слоши и на вас: Оваа девојка изеде ненормална количина на мајонез за да постигне рекорд (ВИДЕО)

Американката Мишел Леско од Аризона, САД, има дефинитивно добар апетит! Оваа учителка од Аризона поставила нов гинисов рекор во брзо јадење мајонез успевајќи за 3 минути да изеде 2.5 килограми мајонез.

Всушност, судиски прецизниот рекорд според Гинис изнесува точно 2/448 грама, односно повеќе од три и пол тегли за само 3 минути!

Видеото прикажува како Мишел неверојатно брзо јаде мајонез со лажица додека полека ѝ истекнува времето за соборување на рекордот и поставување нов.

Мишел е горда сопственичка на неколку гинисови рекорди меѓу кои се и најбрзо изедена чинија со тестенини и тоа за цели 26,69 секунди како и за рекордот во најбрзо изеден хотдог без користење раце, кој го „смачкала“ во рок од 21,60 секунди!

Мишел прв пат се приклучила на натпреварот во брзо јадење откако пријателите се откажале од предизвикот кој требало да го направат заедно.

Нејзини двајца пријатели рекле дека не се во состојба да изедат 12 паштети, 12 парчиња кашкавал, зелена салата, домат и хамбургер, ама Мишел не се откажала и се борела без страв како „лавица“.

Од тој момент таа била опседнат да се натпреварува во брзо јадење храна.

Признала дека нејзиниот брз метаболизам ѝ помага да обработи големо количество храна во краток временски период, ама дека рекордите ги остварила, сепак, благодарение на вежбањето. Таа јаде големи количества храна за да го прошири својот желудник.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.