Филм од Прилеп победи силна конкуренција и ќе се прикажува на реномиран филмски фестивал во Лондон

Краткометражниот филмот „Дество“ („Childhood”) e абстрактна приказна во која е опишан крстопатот на минатото и иднината, метафорично изразен преку природата. Детското срце, тивко се обидува да ги пронајде сите одговори и да се справи со препреките на патот кон возрасните пливајќи во водите на непознатото, во костец со животот и природата…

Автор и Режисер на филмот е Мартин Пресилски кое впрочем е и неговото деби на филмското платно. Претходно учествувал исто така на повеќе Филмски фестивали но како филмски монтажер. Директор на Фотографија е Бојан Трајкоски, додека пак филмскиот звук е дело на Ријучи Сакамото (извадок од Одмаздник на Алехандро Инариту). Филип Блажески во актерска улога и Симона Пресилски (Костимограф/Мејк Ап Артист).

Краткометражниот филм е снимен во Прилеп во повеќе локации на Прилепското Езеро

Филмот е во официјална селекција на Британскиот Филмски Фестивал Лифт ОФ организиран од Пајнвуд Студиос Лондон и ќе се прикажува во средината на Јануари каде што учествуваат голем број на артисти од светот.

Веќе на пролет филмот ќе учествува и на домашните филмски фестивали.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.