Уапсени четири лица за посредување при добивање бугарски пасоши

Четири лица се уапсени вчера на југот од Србија под сомнение, за примање мито и поткуп, поттикнување и фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши.

Уапсените се од Пирот, Димитровград и Ќуприја, еден од нив е лекар, а еден е вработен за јавната администрација.

Според српската полиција двајца од осомничените го плаќале лекарот да издава уверенија без да ги прегледа пациентите, а потоа службеник од матичното одделение во Пирот бил платен да ги смени податоците на истите лица во матичната книга на родени, и да впише дека имаат бугарско потекло.

Потоа лажиранта документација била предавана на државните органи во Бугарија за добивање на бугарски пасош.

Акцијата во Србија следи откако во Бугарија беа уапсени државни службеници под сомнение дека се дел од организирана група за издавање лажни бугарски пасоши на лица од Молдавија, Украина, Македонија и Албанија.

Аферата ги допре и високите структури во бугарската Влада откако во јавноста се спомна вмешаност на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов.

Извор: “Инфомакс”