Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, упати покана до сите граѓани, 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, да го поминат со своите семејства во Крушево, а општината ќе се погрижи да приреди дочек со добра програма на плоштадот “Никола Мартиноски”. Вечерта тука настап ќе има познатиот македонски стенд-ап комичар, Бојан Велевски.
Почетокот на настанот е закажан за 20:00 часот, а организаторите најавуваат вечер исполнета со многу смеа и забава за сите генерации.
„Почитувани сограѓани и гости, Ве покануваме на Stand Up Comedy Night со Бојан Велевски – настан исполнет со многу хумор, позитивна енергија и забава за сите генерации“, стои во поканата од Општина Крушево.
Бојан Велевски, еден од познатите македонски стендап комичари, пред крушевската публика ќе приреди специјална комична програма, со која празничната атмосфера на 8 Септември ќе добие уште една доза забава и позитивна енергија.
Настанот е во организација на Општина Крушево, а од локалната самоуправа ги повикуваат сите сограѓани, но и гостите кои празникот ќе го поминат во Крушево, да се придружат на заедничкото дружење.
























