Од утре заладување со врнежи од дожд и снег

Утре во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните.

 

rain-640x400

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

– Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, соопшти УХМР.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.