Нема карти за натпреварот Македонија-Грција? Граѓаните на Струмица револтирано прашуваат каде се картите?

Уште 4 дена до натпреварот Македонија-Грција кој ќе се игра во Струмица, влезници нема баш никаде – пишуваат од порталот “Струмица денес”

“Секојдневно голем број на пораки пристигнуваат до нашата редакција со прашање од каде може да се купат влезници за натпреварот? Но, ниту ние како медиум немаме никаква информација каде се врши продажбата и дали воопшто ќе се врши. Затоа ЈАВНО ги прашуваме одговорните каде се влезниците? Во чии раце завршија? Дали ќе се врши продажба некаде?”, додаваат од порталот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.