Наставник им се извини на родителите и учениците што им потпишал сведителства со “Северна”

Наставникот Томе Постолов, вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што против сопствена волја бил приморан да потпише сведителства со новото уставно име на државата.

“Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители,односно старатели што по сила на околностите,а против сопствената волја МОРАВ да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија,со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.

Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои МОРААТ да го сторат истото,со што на индиректен начин,спротивно на нивната волја ја признаваат дивата „северна“творба ,која патем да спомнам е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада,не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување.

Мојата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омаловажувања, шиканирања, вербална тортура,полициска посета дома и во училиштето, распит во полиција со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму),па до притисок од владеачката партија за одземање и на раб.место.

Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјаници и илјадници ученици во основното и во средното образование,како и на факултетите им се нанесува тежок удар со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина.

Македонија ВЕЧНА!”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.