“Мајмуни” се мобилизираат – Ги повикуваат сите прилепчани од дијаспората да помогнат за “Победа” и најавуваат преземање на клубот

Навивачката група “Maјмуни” започна да се мобилизира со цел спасување на ФК Победа. Од таму упатија повик до сите прилепчани во дијаспората да помогнат Победа да опстане и да се надминат сите проблеми во клубот кој е миленик на прилепчани. “Мајмуни” најавуваат дека планираат да го преземат клубот и се дистанцираат од секаква политичка гарнитура, како и од актуелното раководство на клубот.

“МАЈМУНИ ПРИЛЕП 1997…Повик …Победа како БРЕНД на ПРИЛЕП и ПРИЛЕПЧАНИ никогаш повеќе нема да ЗАГАСНИ…Ги ПОВИКУВАМЕ сите ПРИЛЕПЧАНИ во ДИЈАСПОРАТА да ПОМОГНЕМЕ сите заедно да ПОБЕДА остане и биде само на ПРИЛЕПЧАНИ….Ние НАВИВАЧКАТА ГРУПА МАЈМУНИ под секакава МОРАЛНА КРИВИЧНА ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ го ПРЕВЗЕМАМЕ ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПОБЕДА .Со тоа се ДИСТАНЦИРАМЕ од сите ПОЛИТИЧКИ ИГРАРИЈИ и ГАРНИТУРИ… Посебно од АКТУЕЛНАТА и ПОЛИТИЧКА и КЛУБСКА НЕСПОСОБНА гарнитура како ИНСТИТУЦИЈА ГРАДОНАЧАЛНИК на ГРАД ПРИЛЕП до ИНСТИТУЦИЈАТА на УПРАВА во ФК ПОБЕДА.. При тоа испрајчаме ПОВИК за ПОДРШКА посебно до ПРИЛЕПСКАТА ДИЈАСПОРА по целиот свет …Да сите заедно застанеме и помогнеме во овие ЦРНИ ДЕНОВИ на КЛУБОТ …Да не сме зависни од никакви ПОЛИТИЧКИ ПРЕПУКУВАЈНА и ЛАЖНИ ВЕТУВАЈНА….Зошто само ПОБЕДА ПРИЛЕП и МАКЕДОНИЈА се ВЕЧНИ!!!” – напиша на својот Фејсбук профил Даниел Јошески, член на навивачката група “Мајмуни”.

Слично соопштение пред две недели беше објавено и на Фејсбук фан страната на навивачката група:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.