Лишени од слобода повеќе возачи во Прилеп и прилепско – управувале автомобили и мопеди без возачки

На 04.06.2026 во 17:40 на булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.Ц.(31) од с.Голем Радобил, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ц., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Истиот ден во 20:30 часот во с.Богдани, прилепско, полициски службеници од полициско одделение Кривогаштани го лишија од слобода Е.У.(35) од с.Пресил, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Е.У., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во 22:40 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ч.(21) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.Ч., при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.