Кривична за прилепчанец – направил сообраќајка пијан, па се обидел да му го земе пиштолот на полицаец

-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.М.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 05.04.2026, по претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал под дејство на алкохол, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел да одземе службен пиштол на полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, стои во соопштението во полицискиот билтен на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.