“Инцидентите зачестуваат, а обвинителка во Прилеп гони невладини организации?”

Изминатиов период во Прилеп зачестуваат инцидентите. Демолирани автмобили, грабежи и несигурност, се само дел од секојдневнието на прилепчани.

Минатиот месец беше демолиран и автомобилот на екс градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, а денеска и автомобилот на советникот во општина Прилеп, Гоце Стефаноски.

“Нов инцидент во Прилеп: МВР сеуште го нема расчистено претходниот?” (Фото)

Сторителите и во едниот и во другиот случај не се познати, а од ваквите случувања стравуваат и други активисти и функционери од опозициската партија во.

Но, наместо со сторителите на овие дела, обвинителка во прилепското ОЈО се занимава со гонење на невладина организација.

Информацијата неодамна како гром од ведро небо проструи во јавноста и е вистински преседан, не само во македонската, туку и во европската пракса.

Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.

Со оваа активност наводно се запознаени РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори, а се очекува исходот на целиот процес.

За настаните кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните неодамна реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочија дека Прилеп е претворен во најнебезбеден град во државата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.