„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 24 јули 2026 /петок/ од 19.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“.
Уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На Вечерта ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика.
Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба -24“, Здружението на пензионаери – Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“.


























