Владата ја замрзна цената на пелетите на 27.000 денари за тон

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информираа денеска од министерството за економија.

Од министерството велат дека одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја е замрзната е 27.000 илјади денари по тон.

Во замрзнатата цена се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

„Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци“, , изјави министерот Крешник Бектеши на денешната средба со новинарите.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.