Годината е 2015, играат РК Прилеп против Металург, поранешниот македонски шампион и редовен учесник во Лигата на шампионите, кој тогаш беше предводен од стариот лисец, Лино Червар.
Преполна Универзална сала во Прилеп, празник за очи и за душа, резултатот е втор план, се уживаше во ракометната мајсторија и се навиваше до последен атом.
Денес, прилепчани играат ракометни натпревари во школска сала, и за жал така е со години. А до истата нема ниту асфалтиран пат. Ѕвездени екипи како оние на Еурофарм Пелистер, Вардар, па и гостински екипи од странство, кои секоја година земаат учество на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”, доаѓаат до салата низ кал и чакал…
Ете до таму е прилепскиот спорт една деценија подоцна….
























