Во Битола секој ден се работи на нова инфраструктура! Се асфалтираат улици во село Карамани (ФОТО)

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски и одговорните лица од општината денеска извршија увид на работните активности во село Карамани каде започна асфалтирањето на уличната мрежа.

Се работи за 9 краци со вкупна должина од 2100 метри и ширина на улиците од 3 до 3,5 метри, а дебелината на асфалтниот слој е 7см.

Вредноста на овој зафат е 16.751.553 денари, а се работи со средства од Буџетот на Општина Битола.

Асфалтирањето се реализира по барање на жителите на Карамани и заложбите на градоначалникот и општината за подобрување на условите и во населените места во Општина Битола.

default
default




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.