БРАВО! Неуморните волонтери од “МОЈ ПРИЛЕП” донираа нешто од огромна важност за јавниот превоз

Прилеп добива уште едно современо решение благодарение на ентузијазмот, идеите и посветеноста на младите луѓе кои стојат зад граѓанската иницијатива „Мој Прилеп“.

Овојпат, во соработка со ЈП за ПУП, започнат е проект за следење на автобускиот превоз во живо, со кој граѓаните отсега ќе можат во реално време да проверуваат каде се наоѓа нивниот автобус и полесно да го организираат своето време.

Системот моментално е во тест-период, а од иницијативата ги повикуваат сите прилепчани да помогнат со свои забелешки, критики и предлози, со цел услугата да биде што покорисна и пофункционална за сите корисници.

За реализација на проектот голема поддршка дадоа и локални компании кои препознаа вредност во идејата. Благодарение на Karadzoski Dental Office и Onyx Bar Cafe, кои донираа GPS уреди за автобусите, проектот можеше да се реализира и да направи уште еден чекор кон помодерен и подобар Прилеп.

Но, ова е само еден дел од визијата на „Мој Прилеп“. Во завршна фаза е и нивната веб-страница, преку која граѓаните ќе можат да се информираат, да се вклучат, да споделуваат идеи и заеднички да предлагаат решенија за подобрување на секојдневието во градот.

Иницијативата покажува дека промените не мора секогаш да започнат од големи институции – понекогаш започнуваат од група граѓани кои имаат идеја, волја и желба да направат нешто подобро за својата заедница.

Сите прилепчани кои имаат идеи, знаење, време или можност да помогнат се добредојдени да бидат дел од оваа приказна.

Погледнете го следењето на автобусите и ѕирнете ја страницата на овој линк: https://www.mojprilep.mk/prevoz




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.