По спектакуларното издание во Нови Пазар, регионалниот боксерски караван пристигнува во Македонија! Неготино ќе биде домаќин на „Balkan Boxing 13“, вечер посветена на професионалниот бокс, со амбиција да ги собере најдобрите боксери од регионот и да ѝ донесе на домашната публика вистински боксерски спектакл.
Настанот се организира под промоцијата „Balkan Boxing“, во партнерство со Здружението „Про Бокс Македонија“ (ПБМ) и градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева.
На 31 октомври 2026 година, со почеток во 18:00 часот, спортската сала „Младост“ во Неготино ќе биде центарот на регионалниот професионален бокс. За првпат, најпрепознатливата промотерска куќа во регионот – „Balkan Boxing“ – ќе организира своја промоција во Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот и промоцијата на професионалниот бокс во земјава.
По настаните во Белград, Сараево, Нови Пазар, Тутин и други градови од регионот, „Balkan Boxing“ продолжува да ја шири својата мрежа, а следната дестинација е токму Неготино!
Едно од имињата што веќе се најавени за „Balkan Boxing 13“ е македонскиот професионален боксер Матеј Чатлески, кој ќе има можност да настапи пред домашната публика и да го покаже својот квалитет во рингот.
Чатлески досега има три настапи во професионалниот бокс и три победи. На претходното издание на „Balkan Boxing 7“ во Бор славеше против Милош Јањанин, а пред тоа беше поуспешен и од Срѓан Зариќ и Стефан Марич.
Неговиот настап во Неготино е од особено значење за домашните љубители на професионалниот бокс, кои ќе имаат можност да поддржат македонски боксер на голем регионален настан.
Меѓу боксерите што ќе настапат е и Санел Хасановиќ, кој веќе настапи на „Balkan Boxing 10“ во Тутин, каде што го совлада Зоран Пауновиќ.
Со професионален биланс од десет победи, еден пораз и едно реми, Хасановиќ има значајно искуство, а дури осум од неговите победи се остварени со нокаут. Неговото враќање во рингот на „Balkan Boxing“ дополнително го зголемува интересот за претстојната боксерска вечер.
Најавата на првите боксери е само почеток! Во наредниот период се очекуваат и нови имиња на професионални боксери, меѓу кои се очекуваат и некои од најдобрите и најинтересните боксери од регионот.
Публиката во Неготино допрва ќе ги дознава имињата што ќе го комплетираат fight card-от, а дополнителните најави треба да го зголемат интересот за настанот. Се подготвува вечер во која професионалниот бокс ќе биде во преден план, со атрактивни дуели што ќе го привлечат вниманието на љубителите на овој спорт од Македонија и од соседните земји.
Со организацијата на „Balkan Boxing 13“, Неготино добива можност да се позиционира како нова дестинација на регионалната мапа на професионалниот бокс и да биде домаќин на голем настан што ги поврзува боксерите, публиката и професионалната боксерска сцена од Балканот.
Настанот е закажан за 31 октомври, од 18:00 часот, во спортската сала „Младост“ во Неготино.
Љубителите на професионалниот бокс ќе можат да го следат настанот преку Arena Fight, во соработка со Arena Channels Group, како и преку платформата Rutube.
Неготино е подготвено за професионален бокс! „Balkan Boxing 13“ доаѓа во Македонија – на 31 октомври, рингот ќе биде во центарот на вниманието!



























