Абдула: “Градоначалникот на Прилеп со сопругата и пријателите за новогодишните празници престојуваа во Сараево”

Градоначалникот на Општина Прилеп за новогодишните празници престојувал во Сараево.

“Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски со пријателите престојуваше во Сараево за време на новогодишните празници, па остваривме средба. Сараево традиционално има добри односи со овој град од југот на Северна Македонија.

Разговаравме за актуелната ситуација во двете земји и инстатиравме дека постои волја за длабока соработка, и покрај слабата сообраќајна поврзаност”, напиша градоначалникот на Сараево на Фејсбук.

Очигледно на Јованоски не му пречи Северна како што не именувал неговиот колега од Сараево…


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.