(Фото галерија) Зграда се ypна од земjотpec, деца заглавени во пожap – трета вежба на спасувачката служба “Златоврв”

Спасувачката служба “Златоврв” заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп и припадници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во центарот на градот изведоа симулација на спасување.

Ова е трета по ред вежба на “Златоврв”, а сценариото опфаќаше зграда која е срушена од земjoтpec и зафатена од пожap.

Спасувачите требаше да дојдат до терасата, каде според сценариото имаше заглавени деца кои бараат помош.

Вежбата се спроведе со почитување на сите протоколи за заштита од Koвид-19, а граѓаните имаа ретка прилика да погледнат нешто несекојдневно и да научат како треба да се однесуваат во ваква ситуација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.