Тито ја заглавил Србија во долгови! Еве во која година конечно ќе се оддолжат

Патиштата кои се градени во Србија се повеќе пати поправани, а индустриските капацитети не ја преживеаа транзицијата, исто како и во Македонија. Кредитите кои ги подигнала Федеративна Република Југославија, со кои ги финансирала проектите, треба конечно да се вратат. Само оваа година Србија за главнината и каматата треба да исплати 241.64 милиони евра. Ратите од овие кредити ќе ги исплаќаат до 20141 година, пренесува српски Курир.

По основ на кредити одобрени во периодот на поранешната СФРЈ, Србија должи вкупно 1.9 милијарди евра. Обврските кон Светска банка, Парискиот клуб, Словачка и Кувајт. Станува збор за заем кој СФРЈ го земала во седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите. Заклучно со 1983 година кога се прв пат репрограмирани. По отпишувањето на делот од Парискиот и Лондонскиот клуб, Србија требало да отпалти вкупно 6.4 милијарди долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.