Силјановска Давкова го крена Кривогаштани на нозе: “На 24 април имаше политички земјотрес, вие го предизвикавте и јас од срце ви благодарам”

Во рамките на кампњата од вториот круг на претседателските избори, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Професорката Гордана Силјаноска Давкова, вчера го посети и одржа средби со жителите на Кривогаштани.

Во првиот круг, Давкова во оваа општина оствари победа од 500 гласа разлика, па токму затоа им се заблагодари на кривогаштанци и ја побара одново нивната поддршка на 8. мај.

-Топла, срдечна средба со кривогаштанци. Меѓу нив имаше и нашинци од Австралија и Германија. Велат дека биле заборавени и цврсто решени за промени! На 24 април имаше политички земјотрес, вие го предизвикавте и јас од срце ви благодарам! Очекувам на 8 мај уште еден политички вулкан. Тоа за нив ќе биде научена лекција, оти после сè што направија не можат ниту да соберат сила да се извинат, па велат: ,,Грешевме, не правевеме, ама сега дајте ни уште еден мандат! Оваа власт е потрошена и треба да си замине, ВМРО-ДПМНЕ треба да се потсети на сите научени лекции и да рече дека никогаш нема да го направи тоа што се случило, и така ќе зачекориме напред – напиша Силјаноска на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.