Се’ било испланирано: Груевски планирал да гради целосно нов град

Изминаа речиси 4 години откако Никола Груевски веќе не е премиер на Република Македонија, а граѓаните имаа доволно време да направат дистинкција помеѓу владеењето на Владата на Зоран Заев и онаа претходната на ВМРО-ДПМНЕ. Ако може лесно да се направи некоја разлика помеѓу двете Влади најочигледна е реализацијата на капиталните инвестиции и крупни капитални проекти, инфраструктурни и други градежни проекти кои што недостасуваат изминативе 3 години.

После промената на изгледот на главниот град Скопје со прокетот „Скопје 2014“ и изградбата на неколку клучни автопатски делници, како и други капитални инвестиции во областа на спортот културата, образованието и здравството, Владата на ВМРО-ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието кај месноста Алакинци.

Владата за оваа идеја ја задолжила Агенцијата за просторно планирање да изготви план кој при крајот на мандатот бил готов.

Идејата била да се направи град за 10.000 жители со обезбедување на евтини социјални станови за млади брачни парови со што ќе се стимулира наталитетот, а на илјадници граѓани би им се решило станбеното прашање.

-На тој што ми текнало ваква идеја сигурно направил некаква анализа а јас бев човекот кој ја заврши таа работа со оглед на тоа што процесот беше веќе започнат. Јас мислам дека тој град би бил функционален и профитабилен. Идејата беше на почетокот таму да се населат 10.000 жители. Според планот требаше да се изградат станови кои би им се продавале на млади брачни парови кои за тие станови би плаќале 150 до 200 евра кирија се додека не ги исплатат тие станови, изјави пред неколку години архитектот Вангел Божиновски.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.