Прилепски професор вложил 17.000 работни часови и креирал над 800 презентации за своите ученици

Професорот по хемија при гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, Блаже Димески, го направи неговиот предмет интересен за сите ученци.

Димески вложил над 17.000 работни часови за да го креира сајтот ehemija.mk, каде се содржани над 800 презентации, користени во наставата по хемија ширум Македонија.

Професорот Блаже Димески, со 24 годишно искуство во наставата по хемија е еден од најтрофејните професори по хемија во Македонија, со многу освоени награди на неговите ученици на различни државни или меѓународни натпревари по хемија.

Проектот кој ја добилижи хемијата до учениците го започнал во 2013 година, па денеска тоа што го започнал пионерски е најголема енциклопедија по хемија кај нас и ги заслужува сите пофалби.

Презентациите се професионално изработени, современо обликувани, со многу визуелни и звучни ефекти, на разбирлив начин прифатливи за сите, со доза на хумор и со интересни факти.

Во презентациите опфатени се сите наставни содржини по предметот хемија од основно одделение, до високо образование.

Еден навистина интересен проект кој со сигурност ќе ги заинтересира и оние на кои некогаш хемијата им била слаба страна.

СЕКОЈА ЧЕСТ! КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВАКВИ ПРОФЕСОРИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ПИСМЕНИ ГЕНЕРАЦИИ! Се надеваме дека трудот на Професорот Димески ќе мотивира и други професори по други предмети да се посветат и да креираат нешто слично.

За крај само ќе потсетиме дека Проф. Димески за постигањата и придонесот во образованието во Прилеп, во 2014 година ја доби престижната градска награда „Трети ноември“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.