Извадоци од дневниот полициски билтен на МВР:
-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.С.(18) од Битола и Ј.А.(19) од с.Мусинци, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.10.20206 во с.Канатларци, прилепско, пријавените физички нападнале дете.
-На 20.11.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 39-годишна жителка на прилепско село затоа што во домот на поранешниот сопруг, агресивно се однесувала и му упатувала закани. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
-На 19.11.2026 во 16:05 часот на ул„Васко Карангелевски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Д.(27) од Прилеп затоа што упатувал закани кон неговата поранешна вонбрачна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
-На 19.11.2026 во 09:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В.(30) од Скопје и А.Д.(32) од прилепско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
























